Парична помош за 52 семејства со новороденчиња од Кисела Вода

Од:

Градоначалничката на Кисела Вода Билјана Беличанец – Алексиќ денеска третпат додели ваучери на 52 семејства од општината кои имаат принова и кои доставија комплетна документација за еднократна парича помош од 6.000 денари.

– Откако ја донесовме одлуката за доделување на еднократна парична помош во износ од 6.000 денари на секое семејство од општината со принова, за неполни четири месеци доделивме преку 100 ваучери. Ова покажува дека нашата цел е остварена, да ги стимулираме семејствата сериозно да размислуваат и да се одлучат за зголемување на бројот на дечиња, рече Беличанец – Алексиќ.

Таа ги повика сите родители кои ги исполнуваат критериумите заедно со барањето да достават лична карта или друг документ за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето, како и фотокопија од трансакциска сметка.

Рокот за поднесување на барањата е 90 дена од моментот на раѓање на детето.

biljanaBelicanec28

– Оваа мерка што ја донесовме заедно со Советот на општина Кисела Вода е во вистинско време и ќе се доделува до крајот на истекот на мојот мандат, потенцира Беличанец – Алексиќ.

Од воведувањето на оваа мерка од страна на општината, досега се доделени вкупно 106 ваучери за еднократна парична помош на семејства со новороденчиња.

Би можело да ве интересира

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода

Мајка и син нападнати во Кисела Вода

Водици во Кисела Вода се одбележа во базенот „Расадник“: Крстот го фати Давид Мелоски

А1он

Каевски: Нула резултати на Орце Ѓорѓиевски во Кисела Вода после 2 години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Нема парно во дел од Кисела Вода, дистрибутивната мрежа губи вода

Орце Костов

Вечерва „Викенд на мртовци“ и „Кајмак“ на „Кино на отворено“ во Кисела Вода