Парична награда за воено-медицинскиот кадар кој се вклучи во борбата против Ковид-19

Од:

Медицинските работници од Министерството за одбрана кои се вклучени во лекувањето на болните од КОВИД-19 ќе добијат парична награда која, во зависност од специјалноста, се движи од 20.000 до 30.000 денари.

-Владата го прифати предлогот на министерката за одбрана Радмила Шекеринска за исплата на еднократна парична награда на медицинските работници од Министерството за одбрана кои што се вклучени во лекувањето на болните од КОВИД-19. Износот на паричната награда за нивната пожртвуваност, во зависност од специјалноста, се движи од 20 000 до 30 000 денари, информираат од Министерството за одбрана.

Оттаму додаваат дека во изминатите месеци голем дел од медицинскиот персонал од Воено медицинскиот центар активно се вклучил во борбата со Ковид-19 во Центарот за јавно здравје и во ГОБ 8-ми Септември, а во последниот месец дал поддршка на колегите од јавното здравство во Инфективната клиника, Клиниката за пулмофтизиологија и на пренаменетите Клиники за интерни болести.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Петровска: Пристигнато е ново барање од украинска страна за воена помош во моментов се разгледува

Горан Наумовски

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Петровска со иницијатива за подигање спомен обележје во Тетово за загинатите во масакрот кај Вејце

Ана Ололовска

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска