Парична награда за првороденото дете во Берово во 2026 година

Од:

Првороденото дете во Општина Берово во 2026 година е девојче, родено на 5 јануари, а воедно и прво дете во семејството на Елена и Владимир Кирјански.

По тој повод, градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински денес упати искрени честитки до родителите, со желби за здравје, радост и среќно детство на новороденчето.

Согласно Одлуката на Општина Берово за поддршка на семејствата со новороденчиња, од Буџетот на општината ќе бидат исплатени 15.000 денари за првородено дете, како и дополнителни 7.000 денари еднократна парична помош за новородено дете, односно вкупна финансиска поддршка од 22.000 денари.

Од Општината посочуваат дека оваа мерка е дел од континуираните активности за поддршка на младите семејства и за поттикнување на наталитетот во општината.

-Активно се грижиме и ги поддржуваме младите семејства, со цел создавање подобри услови за раст и развој на најмладите жители на нашата општина, се наведува во соопштението од градоначалникот.

Би можело да ве интересира

Ледено утро во Берово, снежна идила на Попова Шапка

Минусни температури во Берово, Попова Шапка под 24 сантиметри снег

Миха е првото бебе родено во Кочани во новата 2026 година

А1он

Млада мајка од Белград е обвинета за обид за убиство на своето бебе

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Ружински: Патот до Струмица е нашата главна врска со еден од најважните економски центри во регионот