Парична казна за непочитување на полицискиот час во Берово​

Од:

Основното јавно обвинителство Берово поднесе предлог за определување казнен налог против едно лице за кривично дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Како што информираат од Јавното обвинителство, обвинетиот не постапил според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на заразната болест КОВИД – 19, односно не ја почитувал одлуката за забрана и посебен режим на движeње на територијата на Република Северна Македонија. Тој на 29 март во 17:35 часот бил затекнат како се движи пеш во Берово на ул.„Моша Пијаде“.

Надлежниот јавен обвинител на Судот му предложи да определи парична казна за обвинетото лице од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на износ од 10 евра во денарска противвредност.

Би можело да ве интересира

Локализиран e пожарот во туристичката населба Абланица во Берово

Пекевски: Дечињата кои прележаа салмонела се во добра состојба

Нови шест потврдени случаи на заразени од салмонела во Берово

Нема салмонела кај мострите од лицата и површините во беровската градинка што ги испитуваше Центарот за јавно здравје – Кочани

Малолетник со нож и се заканувал на поранешната девојка

Пекевски закажа средба на Управниот одбор во градинката „23 Август“ по информацијата за двата случаи на салмонела

Горан Наумовски