Основното јавно обвинителство Тетово против пет лица поднесе предлози за определување казнени налози до Основниот суд Тетово. Сите се обвинети непостапување според здравствените прописи за време на епидемија и за секого од нив е предложена парична казна од по 100 дневни глоби.
Како што информира ЈО, лицата не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, па за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации без да поседуваат дозвола за тоа.