Паричката во семејството Груевски падна кај ќерката на премиерот Анастасија

Од:

По повод одбележувањето на Рождеството Христово – Божиќ, денеска премиерот Никола Груевски присуствуваше на свечена божиќна литургија во црквата „Св. Петка“.

Премиерот Груевски на сите верници од христијанска вероисповед им го честиташе Божиќ и посака овој празник да донесе многу здравје, среќа, радост, напредок и успеси за сите во државата.

„Овој празник да ни помогне на сите да се справуваме со предизвиците кои се пред нас, со безработицата, со сиромаштијата и со сите други предизвици со кои секојдневно се соочуваме. Да ни даде повеќе сила и енергија. Да одиме напред како држава, како народ, како граѓани на Република Македонија. Да доаѓаат подобри моменти, подобри мигови и поголеми успеси за целата држава и за сите граѓани во неа“, изјави Груевски.

Тој додаде дека паричката на бадниковата вечер се паднала кај неговата ќерка Анастасија.

Би можело да ве интересира

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Францускиот премиер поднесе оставка

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Поранешниот премиер обвинет за поттикнување воена состојба

Премиерот на Романија поднесе оставка

А1он