„Парадата на гордоста“ утре ќе затвори улици во центарот на Скопје

Од:

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека на 26.06.2021 (сабота), поради одржување на „Парада на гордоста“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Притоа, предвидената траса на движење на учесниците од пред паркот „Жена-борец“, која започнува во 12.00 часот е по ул.„Димитрије Чуповски“, свртување на ул.„Даме Груев“ и бул.„ВМРО“ кон Владата на РСМ, па по бул.„Илинден“ до фонтаната во Градски парк и завршува на „Школка“ во Градскиот парк во 17.00 часот.

Од тие причини, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски

Жена пријави физички напад врз ќерката од поранешниот сопруг во Скопје