Парада на велосипедисти во Кавадарци

Од:

Во Кавадарци денеска имаше Парада на велосипедисти, по повод Светскиот месец на велосипедизмот.

Градоначалникот Јанчев рече дека ваквите манифестации треба да бидат почести, со цел покревање на јавната свест и давање на велосипедизмот, значење што го заслужува. Тој повика кавадарчани почесто да користат велосипеди.

– Мило ми е што тука имаме многу млади кои изразија интерес за велосипед. Овој месец општината даде субвенции за купување велосипеди, нагласи тој.

Милан Колев, претседател на општинскиот Сојуз за училишен спорт, кој е организатор на настанот, изрази задоволство од присутноста и се заблагодари на поддршката од градоначалникот и локалната самоуправа.

Околу 864 велосипедисти тргнаа од спортската сала „Јасмин”, продолжија кај гимназијата до градскиот плоштад, каде имаше лотарија, со главна награда, велосипед.

Меѓу велосипедистите беше и германскиот велосипедист Пјер Бишоф, кој од Германија до Кавадарци поминал околу 2.000 километри со велосипед, под брендот „Синалко” што се произведува и во кавадаречката компанија „Кожувчанка”, а му остануваат уште околу 1.200 до предвидената дестинација. Стартувал минатата недела. Тој изрази задоволство што е во Македонија.

Би можело да ве интересира

Заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива

„Боите на Свети Трифун низ делата на ликовните уметници“, традиционална изложба во Музеј галерија – Кавадарци

А1он

Момче почина во кавадаречко Возарци

Семејно насилство во Кавадарци: Пијана жена од Хрватска со нож го избоде сопругот

Горан Наумовски

Опожарени две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци