Папата ќе има средба со свештениците и нивните семејства

Од:

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, во рамки на неговата прва посета на државава, попладне во Католичката црква „Пресвето срце Исусово“ во Скопје ќе се сретне со свештениците, нивните семејства и богопосветените.

Тој претходно ќе има средба со државниот врв и со претставници на цивилното општество и на дипломатскиот кор, ќе одржи света литургија на плоштадот „Македонија“. Во Спомен куќата на Света Мајка Тереза тој ќе се сретне со лидерите на верските заедници, а во Католичката црква ќе разговара и со младите.

Во катедралата ќе можат да влезат само богопосветените лица – бискупи, свештеници (и нивните семејства), монаси, монахињи и богослови кои ќе бидат пријавени на настанот, со приложување на влезниците што ги добиле при самата пријава.

Би можело да ве интересира

Трамп: На Папата треба да му се каже дека Иран уби 42.000 невини демонстранти

Папата Лав XIII ги зајакнува односите со Православната црква и го поддржува Либан

Папата прогласи седум нови светци, меѓу нив е и поранешен сатанист

Лав XIV: Парите одат кај трговците на смртта наместо за болниците и училиштата

Американецот Роберт Превост е новиот папа, неговото име е Лав XIV

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Црн чад од Сикстинската капела, новиот папа се уште не е избран

А1он