ВИДЕО: Папата Франциск со папамобилот прошета по улица „Македонија“

Од:

Папата Франциск со аплауз беше пречекан од бројни верници пред Меморијалниот центар „Mајка Tереза“ во Скопје, каде пристигна со делегацијата од Ватикан.

Верниците брзаа да се ракуваат и да побараат благослов од него, по што делегацијата се поклони пред споменикот на Мајка Тереза.

Во Спомен куќата на Мајка Тереза се сретна со претставници на верските заедници во земјава, со поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан, со поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи и со скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов.

По средбата со верниците, папата Франциск се качи на популарниот папамобил со кој се упати на плоштадот „Македонија”, каде се одржува централниот настан и светата литургија.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Американецот Роберт Превост е новиот папа, неговото име е Лав XIV

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Црн чад од Сикстинската капела, новиот папа се уште не е избран

А1он

(ВИДЕО) Филипинскиот кардинал кој пее и танцува е вирален хит, фаворит е за нов папа

А1он

ВИДЕО: Конклавата почнува утре, двајца фаворити за нов папа

Сите кардинали пристигнаа на конклавата за избор на нов папа, мораа да ги предадат телефоните

А1он

Трамп е критикуван поради фотографија генерирана од вештачка интелигенција на која е облечен како папа