Панова: Владејачкото мнозинство повторно демонстрира самоволие и го приватизира законодавниот дом

Од:

„Владејачкото мнозинство повторно демонстрира самоволие и го приватизира законодавниот дом. Имено, денес во Собранието на Република Македонија започна јавната расправа по Предлог законот за вршење на сметководствени работи, која што ја побара пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, по претходни реакции и барања на сметководителите и фелата. Но, сето ова ќе беше во ред доколку владејачкото мнозинство предводено од СДСМ и ДУИ не ја опструираше редовната процедура и воспоставена пракса и не ја игнорираше опозицијата“, рече Ели Панова, пратеничка на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

„Токму затоа, потенцираме и сакаме да ја информираме јавноста дека Комисијата за европски прашања каде што на дневен ред е одржувањето на јавната расправа, е нетранспарентно свикана, без можност опозицијата да даде свои предлог гости и експерти. Исто така, уште еден апсурд е тоа што дури и денот на одржување на истата е без согласност на предлагачот т.е. опозицијата.

Исто така, нетранспарентноста и неискреноста во одржувањето на оваа јавна расправа се гледа и преку фактот што претседателот на комисијата г-динот Арбр Адеми очигледно сака набрзина да го помине законот и оваа јавна расправа, бидејќи веќе за утре е закажана Комисијата за европски прашања, а рокот за поднесување на амандмани беше до вчера до 16:00 часот.

Дополнително, до нас стигнаа бројни реакции од лица од фелата кои велат дека ненавремено и во последен момент биле известени за оваа јавна расправа, а имале желба да присуствуваат и учествуваат.

Очигледно, со оваа јавна расправа власта се обидува да си направи приватна забава за која чисто формално ќе се пофалат дека ја реализирале и дека го слушнале гласот на сметководителите.

Сепак, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи ова да остане незабележано и затоа го прашуваме претседателот Адеми и владејачкото мнозинство, како тие знаат кои ќе бидат забелешките од оваа јавна расправа? Дали воопшто ги интересираат забелешките од фелата кои ги имаат на Предлог законот ? И како и кога ќе ги вметнат тие забелешки кога веќе утре е закажана комисијата?

Поради сите овие нелогичности, ние како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ бараме утрешната Комисија за европски прашања да биде одложена за некој друг ден т.е. додека не се добијат забелешките од фелата, кои би биле имплементирани во Законот.

Ова е нашето барање за кое се надеваме дека власта ќе има слух и ќе го прифати. Доколку не го стори тоа, уште еднаш ќе докаже дека сака да го протне овој закон на мала врата и дека сето ова е само евтин популизам за ќарување на ситни дневно-политички поени“, изјави Ели Панова, пратеничка на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ