Панова: Срамно и девастирачки се продолжува со партизацијата на судско-обвинителскиот систем

Од:

„Лажни се зборовите на СДСМ и ДУИ за борба со корупцијата се додека избираат судии, обвинители и први луѓе на институциите по партиски клуч. Ковачевски продолжи со праксата на трас-трас судството кое исклучиво служи за гонење на неистомисленици. Македонија нема напредок, напротив назадува со корупцијата и со криминалот и тоа го констатираат сите, и дома и меѓународните пријатели“, изјави денеска на прес-конференција Ели Панова, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа напомена дека „Весна Дамева како член на СДС и член на партиската комисија на СДС, од стручна соработничка без искуство во судење, ја направија член на Судски Совет, а сега и негов претседател!“.

„Срамно и девастирачки се продолжува со партизацијата на судско-обвинителскиот систем, а имаат и причина за тоа. СДС кое е заглавено во криминал и корупција, којашто секојдневно ја тресат коруптивни скандали тешки милиони евра, сега мислат дека тоа е единственото коешто ќе ги спаси! Македонија тоне во кризи, сиромаштија и мизерија, причина за тоа е криминалот и корупцијата на власта предводена од СДС и ДУИ, а Ковачевски мисли само на едно, како неказнето да се спаси од правдата“, нагласи Панова.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ