Панел дискусија за Етичкиот кодекс во парламентите

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе се одржи Панел-дискусија на тема: Улогата на парламентарниот етичар во спроведувањето и почитувањето на Етичкиот кодекс во парламентите – пракса од националното Собрание на Француската република.

Воведни обраќања на дискусијата ќе имаат претседателот на Собранието Талат Џафери, францускиот амбасадор во Македонија Кристиан Тимоние и професорот по уставно право и поранешен етичар во Националното собрание на Француската Република Фердинанд Мелен-Сукраманиен.

Предлог етичкиот кодекс на македонскиот Парламент треба да биде разгледуван на претстојната средба во рамки на Жан Моне процесот што ќе се одржи на крајот на следната недела во Охрид. На оваа средба на која се очекува да присуствуваат Џафери, потпретседателите на Собранието, координаторите на пратеничките групи и други пратеници, и тројцата европратеници Иво Вајгл, Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн, треба да се разговара и за Деловникот за работа на Собрнаието на Република Македонија. На крајот од средбата се најавува и средба на лидерите на парламентарните партии.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска