Денес, Коалиција на младински организации СЕГА организираше Панел дискусија „Младите и медиумите” во просториите на Европски Универзитет, Скопје. Оваа активност е организирана во рамките на Неделата на граѓански организации поддржана од УСАИД.
Преставници на граѓански организации, Министерството за култура, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги како и претставници на Националните телевизии и радио станици, интернет портали, списанија и млади дискутираа на тема Млади и медиумите. Се дикскутираше за застапеноста на содржини наменети за млади на националните телевизии и радио станици, вестите и забавните содржини за млади; јазикот на кој тие содржини се споделуваат во јавност. Посебен дел од диксусијата се посвети на предизвиците со кои се соочуваат младите на интернет, вклучувајќи закани по безбедноста, недостаток на приватност и изложеност на насилни содржини на интернет.
Сашо Богдановски, од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги истакна: “Од истражувањето на мислењето на публиката дури 47% сметаат дека во ТВ програмите многу ретко се зборува односно учествуваат младите од 15 – 29 години, и многу ретко се претставуваат како активни или заинтересирани граѓани“.
„Медиумите во голема мера влијаат врз младите, особено врз формирањето на јавното мислење. Оттука е неопходно да се слушне што младите сакаат да видат, прочитаат и да слушнат“, истакна проф. д-р Викторија Кафенџиска, професор на Факултетот за правни науки, Европски Универзитет Скопје.