Панди Јани обвини за изборен инженеринг во општина Пустец, Колефски ги негира обвинувањата

Од:

Претседателот на огранокот на Партијата на Слободата за општина Пустец и познат македонски активист, Панди Јани, обвини за изборен инженеринг кој го „спроведуваат локалната власт во општина Пустец и Еди Рама”.

-Со загриженост и силно негодување ја информираме јавноста за сериозните изборни нерегуларности што ги спроведува локалната власт во Општина Пустец, со поддршка на владата на Еди Рама. Во обид да ја задуши демократијата и да ја компромитира слободната волја на граѓаните, владејачката структура спроведува масовен притисок врз административните работници и жителите на општината, користејќи закани и уцени со цел манипулација на претстојните избори, стои во објавата на Јани.

Додава дека имаат цврсти докази дека се врши „незаконско собирање на личните карти од дијаспората, со што се создава опасен механизам за изборен инженеринг и директно загрозување на интегритетот на изборниот процес”.

Оценува дека ова е чин на злоупотреба на власта, спротивен на секоја демократска и правна норма.

-Бараме итна кривична и морална одговорност за овие постапки. Апелираме до сите граѓани на Пустец и целата албанска јавност да не потклекнуваат на овие уцени и закани, туку да дадат отпор на владејачката диктатура, се нагласува во објавата.

Се посочува дека демократијата и слободниот избор се основни права на секој граѓанин и не смеат да бидат узурпирани од корумпирани структури.

– Ја повикуваме меѓународната заедница, независните институции и граѓанскиот сектор да реагираат против овој организиран изборен криминал. Ќе продолжиме да ја информираме јавноста и да се бориме за вистинска демократија во Пустец и во цела Албанија. Доста е од диктатурата – време е за слободен избор, порачува Јани.

Во однос на ваквите обвинувања, став побаравме и од градоначалникот на општина Пустец, Пали Колефски.

-Нема ни трошка вистина. Тоа се само шпекулации и ги сметам за тенденциозни. Парламентарните избори се на 11 мај и на вакво нешто не сме ни помислиле а не да го направиме, рече кусо Колефски.

Колефски за градоначалник беше избран како кандидат на Социјалистичката партија, поддржан од Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ.

Би можело да ве интересира

Директорката на албански ИНСАТ ги отфрли обвинувањата за манипулации со пописните резултати

МАЕИ: Не го признаваме пописот во Албанија, се појавија 7957 Бугари наспроти 2281 Македонци

Предраг Петровиќ

Откриена биста на Гоце Делчев во Пустец

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Во финална фаза подготовките за поставување бистата на Гоце Делчев во центарот на Пустец

Катерина Ѓуровски

Стерјовски: Бугарија донира за Пустец во замена на нашата македонска националност