А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Кристијан Ландов
Македонија

Панчевски се бара со потерница

by Кристијан Ландов14/07/2020 - 15:2714/07/2020 - 18:20922
Share0

Експретседателот на кривичен суд Владимир Панчевски се бара со национална потерница која ја распиша МВР по наредба на Основниот суд во Велес. Ова следува откако во петокот полицајците не успеаја да го пронајдат Панчевски на посочената адреса по наредбата за негово приведување.

Добивај вести на вибер

Потерницата е објавена на сајтот на Министерството за внатрешни работи. „Панчевски Владимир, од татко Здравко, мајка Цвета, роден на 1.5.1974 во Скопје, со живеалиште на ул.Даме Груев бр.7/5-15 во Скопје, се бара по наредба за распишување на потерница на Основен суд Велес К бр.242/2019 од 14.07.2020, а врз основа на решение на судот со кое му е определена мерка притвор, поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело  „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од чл. 353 ст.2 од КЗ“, пишува на сајтот на МВР.

Полицијата го барала Панчевски во петокот, но тој не бил достапен за органите на прогонот. Тогаш, тие испратиле допис до СВР Велес, од каде, пак, го известиле судот кој дописот го добил денес. На Панчевски судот му одреди притвор откако девет месеци не се појавил на судењето за случајот АКМИС и местењето предмети кај подобни судии во време кога бил претседател на кривичниот суд.

Панчевски се товари дека во периодот од јануари 2013 година до септември 2016 година влијаел врз начинот на електронската распределба на предметите, давал наредби и насоки кој предмет кај кој судија да се распредели и со тоа ја злоупотребил службата и ги пречекорил границите на своите овластувања.

pancevskipoternica

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода криминалец од Штип за доиздржување затворска казна од 11 години и осум месеци

Предраг Петровиќ07/06/2025 - 10:1407/06/2025 - 10:15

Приведено лице од Битола барано со потерница

Предраг Петровиќ03/10/2024 - 18:49

Во полициска акција во тетовско Гајре застрелано лице осoмничено за убиство

Предраг Петровиќ24/08/2024 - 10:4824/08/2024 - 15:17

Дачиќ бара објаснување од македонските власти: Бегството на Блерим Рамадани е скандалозно

Предраг Петровиќ15/08/2024 - 16:04

На аеродромот во Тирана уапсен кумановец баран со меѓународна потерница

Горан Наумовски06/08/2024 - 12:2906/08/2024 - 12:30

Осуден на 10 години затвор, избегал и повторно крадел – уапсен криминалец баран по централна потерница

Анита Петровска Рајковиќ30/05/2024 - 11:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен