А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Панчевски и судијката изземени во случајот со инспекторката во Центар

by А1он03/11/2016 - 12:33114
Share0

„Претседателот на Основен суд Скопје 1, Владимир Панчевски, како и судијата на претходната постапка, Славјанка Јанкоска, во случајот каде што овластената градежна инспекторка од општина Центар е тужена, се иземаат од случајот. Вака одлучи Апелацискиот суд.

Добивај вести на вибер

Адвокатот на инспекторката, во поднесеното  барање за изземање на судија кој постапува и на претседателот според член 33, став 2 од Кривичен законик, наведува дека причина за изземањето е постоење основа за непристрасност за постапување на судиите поради фактот што како оштететен се јавува претседател на судот,  па поради колегијалните односи се доведува во прашање постапувањето на судиите.

Панчевски изјавил дека не постојат причини за негово изземање, бидејќи освен колегијални, нема лични односи со судиите.

Истовремено, Апелација не го уважи барањето за изземање на сите судии од Основен суд Скопје 1, бидејќи странката може да бара изземање на судии само поединечно.

Предметот ќе се распредели автоматски на друг судија во кривичниот оддел, согласно годишниот распоред на судот.

За потсетување, овластен градежен инспекот на општина Центар констатираше дека претседателот на судот Владимир Панчевски со двајца роднини, без одобрение изградил уште два спрата на објектот на улица „Никола Вапцаров“ бр. 6.

Општина Центар, ги изврши подготовките за уривање на бесправно изградениот објект, но вчера инвеститорите, кои претходно тврдеа дека се работи за политичка хајка против претседателот на Кривичниот суд, сами  пристапија кон уривање на објектот“, се вели во соопштението на Општина Центар.

centar

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Горан Наумовски31/10/2025 - 13:28

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Горан Наумовски31/10/2025 - 11:59

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Горан Наумовски30/10/2025 - 15:58

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ29/10/2025 - 18:1829/10/2025 - 18:19

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски28/10/2025 - 12:0428/10/2025 - 13:42

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски28/10/2025 - 11:1028/10/2025 - 11:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен