Палевски со снимка ќе докажува дека бил во банка за време на убиството на Вања

Од:

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска откако во Основниот Кривичен суд Скопје на минатото рочиште беа изведени докази на предлог на одбраната на обвинетиот Љупчо Палевски. На следното рочиште закажано за 12 март е предвидено да започне распитот на обвинетите.

Во Кривичен на изминатото рочиште беше сослушан сведокот Стојан Кујунџиевски кој сведочеше дека заедно со колегите од СВР Велес вршеле потрага по исчезнатиот Жежовски, како и за претресот во домот на Боре Видевски каде што биле пронајдени ловечка пушка, патрони и куршуми девет милиметри за пиштол.

На судењето одбраната на Палевски презентираа материјални докази, вклучувајќи уплатница од банка од 27 ноември 2023 година со која тврдат дека во критичниот период Палевски не бил на местото на убиството на Вања Ѓорчевска.

Во продолжението на судењето Палевски достави листа на докази помеѓу кои побара да бида прикажано видео од Сејф сити каде што, според посоченото, се гледа дека возилото Рено кангу во 00:15 часот помеѓу 21 и 22 ноември е во центарот на Скопје а не кај Велибор пред врата, како што дополни.

Дополнително, тој побара појаснување на која околност се вештачел телефонот на Жежовски, како и возилото Рено Кангу.

Судот потоа одлучи да ја одложи расправата за денеска, кога ќе се произнесат по однос на материјалните докази, а потоа, на следните расправи закажани за 12, 17, 19, 24 и 26 март, како што информираше судијата Ивица Стефановски, ќе се прави распит на обвинетите со редослед Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев, Александар Ѓорчевски и Љупчо Палевски.

Според обвинението, Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, се обвинети дека заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Би можело да ве интересира

Туфегџиќ: Обвинителството потврди дека нема никаков доказ за инволвираност на таткото на Вања

Горан Наумовски

Се бара доживотен затвор за обвинетите убијци на Вања и Панче, за ОЈО мотивот не бил нужно да се утврди

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува задутре, со завршен збор на Обвинителството

А1он

Трајковска: Обвинетите не покажаа ни најмал знак на човечност при грабнувањето на Вања, иако и тие имаат деца

Горан Наумовски

Судењето за убиството на Вања и Панче презакажано за 9 јуни

Заврши доказната постапка во случајот за убиствата на Вања и Панче, на 2 јуни се завршните зборови

А1он