Палењето на куќата на Пандов е обид за заплашување и замолчување, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Најостро го осудуваме палењето на куќата на директорот на управата за извршување санкции Александар Пандов и повикуваме на итна и брз реакција од страна на институциите, реагираат преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

– Овој чин е обид за заплашување и замолчување на Пандов бидејќи изминатиот период јавно говореше за сите криминални дејствија што се случувале, а за кои тогашната власт и раководство се обиделе да ги затскријат. Пандов е мета на напад бидејќи застана во отворена борба против криминалот и корупцијата. Криминалците повеќе немаат заштита од страна на власта. За ваквото девијантно однесување мора да има казна Времето на палење куќи, автомобили, уцени и закани заврши, за секој одговорен и инволвиран во вакви настани ќе следува одговорност, се вели во реакцијата од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела