Палела стари алишта и го предизвикала пожарот во Струмица

Од:

24-годишна струмичанка го предизвикала пожарот во Струмичко во кој со изгореници се здобија 14 лица, а две починаа.

Девојката пред два дена меѓу 11 и 12 часот на ул.„Бошко Буха“ во Струмица на околу 50 метри од последните куќи во кои и таа живеела, непосредно под еден жбун запалила стари алишта, при што предизвикала пожар од поголеми размери на место викано „Ч’млк“ над Струмица.

Против 24 годишната Е.М. ќе биде поднесена кривична пријава за предизивикување општа опасност.

Во пожарот со тешки изгореници се здобија 14 лица обидувајќи се да го изгаснат пожарот.

Пет лица беа префрлени Градската хируршка болница во Скопје поради висок степен на изгореници и акутно белодробно откажување и животна опасност.

Со над 90 проценти на изгореници се здобија двајцата браќа, 50-годишниот Блажо и Пено (46) Стојанови, работници на ЈП „Македонски шуми” – шумско стопанство „Беласица”, кои во текот на вчерашниот ден им подлегнаа на повредите.

На понатамошно лекување во скопската болница остануваат уште три лица од кои едното се уште во критична состојба.

На четвртиот повреден вчера му беше извршена хируршка интервенција, по што неговата состојба е стабилна.

Петнаесет годишното момче кое се здоби со 40% изгореници по телото се наоѓа во стабилна состојба.

Би можело да ве интересира

Денеска има рекорден број на пожари во еден ден низ Македонија

Горан Наумовски

Уапсен e маж кој подметна шест пожари во близина на Солун за четири дена

Три „ер трактори“ на ДЗС вклучени во гасењето на шумскиот пожар во близина на селото Моране

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

ЦУК: Девет пожари на отворено од кои пет се активни

Горан Наумовски

Во Британска Колумбија е прогласена вонредна состојба, евакуирани се 22.000 луѓе