Пакистанци и Индиец ограбиле Авганистанци кај Лојане

Од:

Три лица од Авганистан во полициската станица во Куманово пријавиле дека биле ограбени во близина на Транзитниот центар Табановце. Во полицијата рекле дека ги нападнале неколку лица од Индија и од Пакистан и им одзеле пари.

„По преземени мерки, во врска со настанот, во с.Лојане, општина Липково, од слобода биле лишени Л.С.(23) од Индија, М.А. од Пакистан, И.Х.(31) од Пакистан, П.К.(20) од Индија и 16-годишник од Пакистан. Кај нив биле пронајдени и одземени еден пиштол „Зораки“ со една празна рамка, четири куршуми и еден нож“ – информираат од МВР.

Приведените биле однесени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

19-годишник пронајден мртов во стан во Битола

Уапсен 18 годишник, се заканувал дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во средно училиште

Тригодишно дете од Штип затруено со лекови

Катерина Ѓуровски

Определени мерки на претпазливост на професорот пријавен за сексуално вознемирување ученичка

Уапсен професор од средно училиште во Скопје, сексуално вознемирувал ученичка

15-годишник силувал тинејџерка