Пакетот закони за високо, средно и основно образование пред пратениците

Од:

Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 29. седница ќе расправа за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за високото образование, во прво читање.

На дневен ред се и предлог законите за изменување и дополнување на законите за за основното и за средното образование, како и предлог законите за Академијата за наставници, за наставници во основните и средните училишта, за oбука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење и за високообразовните установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование, сите во прво читање.

Пратениците треба да ги разгледаат по скратена постапка предлозите за изменување и дополнување на Законот за задолжница и на Законот за финансиска дисциплина, како и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата и на Законот за производи за заштита на растенијата, во прво читање.

Меѓу 30-те предложени точки се и предлог законите за градежно земјиште и за забрана и спречување на вршење нерегистрирана дејност, предлозите за дополнување на Законот за угостителска дејност и за заштита на културното наследство, дополнетите предлог закони за издавачката дејност и за одредување на видот и одмерување на висината на казната, за просторно и урбанистичко планирање и за домување.

На денешната последна пленарна седница во оваа година, ќе се расправа и за предлозите за изменување и дополнување на законите за административни службеници и за вработените во јавниот сектор.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска