Пакетчиња за дечињата од ПОУ Др. „Златан Сремец“ и ДУРДМОВ „Димитар Влахов“

Од:

Во пресрет на новогодишните празници, градоначалникот Филип Темелковски ги посети учениците од ПОУ Др. „Златан Сремец“ и ДУРДМОВ „Димитар Влахов”, институции кои се лоцирани на територија на општина Кисела Вода. Подарувајќи им пакетчиња на дечињата, тој им посака здравје и среќа во Новата година.

Средбата со директорите на овие две институции, беше искористена и за да се разменат мислења за потребите што ги имаат учениците и законските можности на локалната самоуправа за да им се излезе во пресрет.

Директорите, во име на учениците ја изразија својата благодарност, а градоначалникот на Општина Кисела Вода својата подготвеност за продолжување на континуираната соработка преку која треба да се надминат проблемите со кои се соочуваат дечињата и да се надминат предрасудите со кои е обременета средината во која живеат.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Четири години локална власт во Кисела Вода предводена од ВМРО-ДПМНЕ, четири години развој на општината

Ѓорѓиевски: Повеќе од 20 спортски терени се изградени изминативе четири години во општина Кисела Вода

Почина жена, а малолетник е во Ургентен центар по пад од зграда во Кисела Вода

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Запаленото возило од „Расадник“ е во сопственост на суспендиран полицаец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пиромани во Кисела Вода: Се палат автомобили на паркинзи, изгоре и расадникот

A1on