• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Пајат: САД веруваат дека Договорот од Преспа е во корист на двете земји и двата народи

by А1он21/11/2018 - 12:54212
Share0

САД силно веруваат и се убедени дека Договорот од Преспа, долгорочно, ќе биде во корист и на двете земји и на нивните граѓани, вели американскиот амбасадор во Грција, Џефри Пајат во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА, и уште еднаш ја изразува поддршката на САД за договорот, јави дописничката на МИА од Атина.

Добивај вести на вибер

Пајат вели дека клучно за договорот, било лидерството што го покажале премиерите на двете земји, но и нивната голема политичка храброст и визија. Американскиот амбасадор во Грција, додава дека голема заслуга имал и медијаторот Метју Нимиц, кој покажал трпеливост сите овие години во конкретниот процес.

– Позицијата на САД е јасна. Овој договор беше постигнат од две суверени, демократски избрани влади и заслугата за овој резултат оди кај премиерот Ципрас и на премиерот Заев, и двајцата покажаа голема политичка храброст и визија. Верувам, како што кажав и во Солун, дека оваа визија ќе биде оправдана од историјата. Интересно за мене беше, при последната посета на Солун, да слушнам, дури и од бизнис заедницата таму, дека постои јасно препознавање на економските бенефиции, што ќе произлезат од решавањето на ова прашање, кое што премногу долго беше нерешено, вели Пајат.

Американскиот амбасадор во Атина, вели дека за САД од стратешко значење е членството на Македонија во НАТО и додава дека Договорот од Преспа имал многу важно влијание врз американската перцепција на Грција, како безбедносен партнер за САД и НАТО, но и за улогата на Грција во помагањето да се изгради постабилен и повеќе просперитетен регион.

– За САД, гледајќи го Скопје брзо да напредува кон членство во НАТО е клучен аспект во нашата стратегија за стабилизација на регионот, за справување со проблемот со штетното влијание од Русија и да помогне да јасно дека судбината на сите овие држави е да биде кон Запад, Европа и евро- атлантските институции, вели Џефри Пајат во интервјуто за АНА-МПА.

Во однос на критиките за Договорот од Преспа, американскиот амбасадор истакнува дека сфаќа дека станува збор за сложено прашање и ги почитува различните ставови во Грција, но изразува надеж дека и политичарите, но и општеството ќе препознаат дека „многу повеќе се работите што се добиваат од оние што се отстапуваат во Договорот од Преспа“.

Тој додава дека со договорот се тргна важната пречка – името, за улогата на Грција во регионот, но и за зголемена регионална соработка, за што и станало збор на неодамнешниот самит во Солун, во разговорите со Србија, Бугарија и Албанија околу инфраструктурата, завршување на автопатите, гасоводите и сл.

prespanski dogovor

Би можело да ве интересира

ДУИ: Преспанскиот договор ја закотви Македонија на вистинската страна на историјата

Горан Наумовски17/06/2025 - 09:43

Поткопувачите на Охридскиот и на Преспанскиот договор може да се најдат на црната листа на САД

Катерина Ѓуровски09/01/2025 - 09:20

Герапетритис: Сакаме добрососедски односи со Северна Македонија, но не толерираме селективно усогласување со меѓународното право

Катерина Ѓуровски30/08/2024 - 13:08

Герапетритис: Доколку Северна Македонија продолжи со оваа политика, имаме средства за дополнителен притисок

Катерина Ѓуровски22/07/2024 - 10:04

Државниот врв во Северна Македонија систематски го крши Преспанскиот договор, Грција ги повторува обвинувањата

Катерина Ѓуровски14/07/2024 - 15:0114/07/2024 - 16:28

САД: Ќе работиме со Северна Македонија и Грција да го одржaт Договорот од Преспа

Катерина Ѓуровски12/07/2024 - 13:19
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен