А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Пахор: Македонија да понуди конкретна иницијатива за името што нема да ја остави ЕУ рамнодушна

by А1он16/07/2013 - 18:43209
Share0

Македонија да понуди конкретна иницијатива за прашањето со името која нема да ги остави рамнодушни претставниците од ЕУ и меѓународната заедница, порача словенечкиот претседател Борут Пахор на денешната прес-конференција по средбата со својот домаќин, шефот на македонската држава Ѓорѓе Иванов.

Добивај вести на вибер

Ова е многу битно, истакна Пахор, за паралелно да се решаваат членството на земјата во ЕУ и името.

– За кавга и соработка секогаш се потребни двајца.Потребно е многу храброст водачите на двете страни да се одлучат за соработка, рече Пахор.

Претстаделот Иванов  потврди дека  во текот на разговорите со словенечкиот колега станало збор за тоа како Македонија да ги искористи позитивните искуства на Словенија која во однос на Хрватска покажа дека може европски да се однесува кон земја кандидат за членство во ЕУ.

– Постојано се соочуваме со ситуација на немање соговорник. Сите наши иницијативи се отфрлаат, не се прифаќаат, а ние сакаме решение, потенцира Иванов

На средбата двајцата претседатели констатирале дека меѓу Македонија и Словенија нема отворени прашања поради што е можно да се интензивира соработката во сите сфери, особено во делот на трговската размена и заедничките инвестиции.

– Оваа посета е потврда за одличните односи, пријателството и довербата меѓу Македонија и Словенија, рече Иванов, квалификувајќи ја средбата како многу конструктивна, бидејќи на неа биле отворени сите прашања од заеднички интерес.

Пахор нагласи дека во Македонија дошол од две причини, да го продлабочи трајното пријателство и уште еднаш да ја искаже словенечката поддршка на патот на македонското евроинтегрирање.

Тој  го најави одржувањето на т.н. Брдо процес на 25-ти овој месец, на кој, покрај претседателите на сите балкански земји, од Словенија до Албанија, ќе присуствуваат и францускиот претседател Франсоа Оланд, како и високи претставници на ЕУ.

– Тешко е да се каже какви ќе бидат резултатите, но, му порачав на мојот колега Македонија до 25-ти да најде порака што ќе може да и биде пренесена на ЕУ, истакна уште еднаш словенечкиот претседател.

Словенија, подвелеч, секогаш ги поддржувала напорите на Македонија за евроинтегрирање, а така ќе биде и понатаму.

imetoslovenija

Би можело да ве интересира

Тага и гнев во Словенија по бруталното убиство, двајца министри поднесоа оставки

Предраг Петровиќ26/10/2025 - 14:5626/10/2025 - 15:07

Еден од хрватските планинари во Словенија е пронајден мртов, потрагата е прекината

Катерина Ѓуровски05/10/2025 - 18:2505/10/2025 - 19:56

Лавина во Словенија, се трага по тројца хрватски планинари

Катерина Ѓуровски05/10/2025 - 13:5305/10/2025 - 13:55

Претрес во куќата на екс министерот за полиција во Словенија – има сомнежи дека соработувал со Кавачкиот клан

А1он30/09/2025 - 17:5430/09/2025 - 18:03

Словенечките одбојкари се пласираа во осминафиналето на Светското првенство

Горан Наумовски17/09/2025 - 17:45

Словенечката влада му забрани на Додик влез во земјата

Горан Наумовски11/09/2025 - 19:22
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен