Пациентот во ГОБ „8 Септември“, кој беше тргнат од респиратор, е во добра здравствена состојба

Од:

Триесет и седумгодишниот пациент со Ковид-19, кој вчера беше тргнат од респираторна машина во Градската општа болница „8 Септември“, е во добра здравствена состојба, изјави за МИА директорот на болницата, Христијан Костов.

Од почетокот на епидемијата, досега, ова е прв пациент од државава, кој поради влошена здравствена состојба 12 дена бил на респиратор, а сега веќе нема потреба од таква асистенција.

– Пациентот сам дише, зборува, свесен е. Веројатно така и ќе продолжи. Ако е во добра состојба уште 24 часа ќе биде преместен од Интензивна нега на Оддел. Пациентот неколку дена прима озонска терапија, има протокол на лекување и му даваат антибиотици и антиинфламаторни лекови, рече д-р Костов.

Посочи дека имаат уште тројца пациенти со Ковид-19, кои се на респираторна машина и на кои им даваат терапија со озон. Засега, додаде д-р Костов, тие не даваат знаци дека може да бидат тргнати од респиратор.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски