Е.А. од Скопје на возраст од 45 години е пациентот што вчера неуспеале да го реанимираат лекарите во ургентниот центар на болницата 8 Септември, информира полицијата. Полицијата подготвува соодветни пријави за роднините на починатио кои дивееле во болницата, откако лекарите им соопштиле дека пациентот починал. Ноќеска во болницата дошол братот на починатиот кој се извинил за инцидентот и потпишал документи дека не сака на телото да се направи обдукција. Снимките направени од камерите во болнциата покажале дека најголемата штета, кршењето на влезната врата во Ургентиот го направил вработен во НИКОБ фирма која е ангажирана да ја обезбедува болницата, а починатиот му бил вујко.
На Е.А. му се слошило дома, по што членовите на семејството го однеле во приватна здравствена установа во Чаир, каде му била дадена терапија. Поради сериозноста на состојбата тој со возило на Итна помош бил пренесен во болницата „8 Септември“.
– Реанимацијата на пациентот почнала уште во возилото на Итна помош, од каде нашите лекари биле информирани дека доаѓа пациент во тешка состојба и екипата подготвена чекала да му пружи помош. Обидите за реанимација траеле 40 минути, но на крај за жал завршиле неуспешно. На телото на починатиот не биле забележани знаци на насилство, поради што веројатно станува збор за срцев удар – објаснува директорот на „8 Септемрви“ Сашо Стојчевски.
Откако на роднините, кои биле околу дваесет, им било соопштено дека пациентот е мртов, тие се втурнале во салата за реанимација ги истуркале апаратите, скршиле неколку епрувенити и шприцови. Телото на починатиот со количка го изнеле надвор од болницата, по што го качиле во возилото на Итна помош и го однеле дома.
– На камерата се гледа дека вртата ја крши лице кое е од обезбедувањето на „Никоб“, фирма која е анжарина да ја обезбедува болницата и очекуваме тие да ја надоместат штетата – вели Стојчевски.
Лекарите, медицинските сестри и другите пациенти што биле во Ургентниот центар не биле повредени во инцидентот, но сепак биле многу исплашени од дивеењето на роднините на починатиот пациент.
Од полиција објаснуваат дека за случај е известено и Јавното обвинителство и дека по комплетирањето на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави против сите кои учествувале во инцидентот.
Од болницата информираат дека Ургентиот центар денеска работи нормално.