Пациентка почината во струшката болница по смртта тестирана за коронавирус

Од:

Викендов во струшката општа болница за коронавирус била тестирана пациентка откако починала. Министерот за здравство Венко Филипче извести дека пациентката била донесена во болница поради тешкотии во дишењето.

„ Таа имала претходна респираторна болест. Направен е обид за реанимација, за жал пациентката починала, но таа не е дијагностицирана со Ковид – 19. Со оглед на сличноста на клиничката слика на ова болест посмртно е земен брис и ги чекаме резултатите“, рече министерот Филипче.

Ова е втора пациентка која по смртта се тестира за коронавирус. Прва беше пациентката од Куманово која претходно имала два негативни теста на коронавирус, а тестот направен по смртта покажал дека била заразена со Ковид – 19.

Би можело да ве интересира

Филипче: Цените растат, а наместо мерки – Мицкоски им се потсмева на граѓаните

А1он

Филипче: СДСМ ќе одржи Конгрес на 7 јуни

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

(ВИДЕО) Филипче: Задоцнета e мерката на Мицкоски – нема намалување на цените на горивата

А1он

Филипче: Нема да дозволам цепкање на партијата

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски