Пациентите со средно тешка клиничка слика на Ковид-19 во просек се лекуваат 16 дена

Од:

Прецизно не може да се каже колку време еден пациент се лекува од Ковид, но во просек околу 16 дена трае лекувањето на лице со средно тешка клиничка слика.

Директорката на Инфективната клиника Милена Стевановиќ денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека лекувањето на пациентите со тешка клиничка слика трае мнoгу подолго поради последиците што ги остава вирусот.

– Сите ние сме различни и различно реагираме на третманот, но различно реагираме и на инфекцијата и на која било друга болест. Во просек околу 16 дена се лекува една средно тешка клиничка слика на Ковид, а тешките клинички слики се лекуваат многу подолго поради последиците што ги остава инфекцијата. Не ретко нашите пациенти со тешка клиничка слика кои се лекуваат толку долго време, на крајот се многу порано пред нивното испишување или излекување, веќе станати Ковид негативни, но последиците од инфекцијата го прават своето и тие навистина бараат долго време за лекување, рече Стевановиќ.

Посочи дека еден од сериозните ризици е и дебелината, која, како што рече, не се сфаќа сериозно кај нас.

– За жал, изгубивме млади, но и релативно млади луѓе. Најголем дел од нив со хронични болести, но една од сериозно високите ризици која, никој од нас се уште сериозно не ја сфаќа како болест или коморбидитет, е дебелината. Луѓето кои имаат вишок килограми се навистина во сериозен ризик, нагласи Стевановиќ.

Во однос на фреквенцијата на прием и испис на пациенти, Стевановиќ рече дека тоа е работа која не може да се предвиди. Потенцира дека максимално рационално се користи секој кревет којшто и е на располагање на Клиниката и оти редовно по исписот на пациентите, се прави задолжителна дезинфекција.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски