Пациентите што примија донирани бубрези се чувствуваат добро

Од:

Од Клиниките за нефрологија и урологија информираат дека двајцата пациенти на кои во петокот им беше извршена трансплантација на бубрези се во добра здравствена состојба.

На 31 јули, два бубрега од 46 годишен пациент со констатирана мозочна смрт беа трансплантирани кај 35-годишна жена и 60-годишен маж. По трансплантацијата, пациентите закрепнуваат на Клиниката за урологија.

„По трансплантацијата, пациентите закрепнуваат на Клиниката за урологија. Нивната здравствена состојба е стабилна, под континуиран надзор и грижа од страна на лекарскиот тим. Задоволен сум што во изминатите три години изведовме 55 трансплантации, од кои 10 од починат дарител. Во ек на пандемија од ковид-19, продолжуваме со реализација на Програмата за трансплантација. Кон крајот на месец мај изведовме прва трансплантација на срце. Со ова, пациентите имаат нова шанса за живот. Овозможуваме квалитетна здравствена заштита за сите граѓани“, изјави министерот Филипче.

Би можело да ве интересира

Изведена мултиорганска трансплантација на органи – пациенти добија срце, црн дроб, бубрези

Катерина Ѓуровски

Направена уште една трансплантација на срце и бубрези од починат донор

ВИДЕО: Изведена првата потполна трансплантација на човечко око

Во земјава 140 лица чекаат за трансплантација на бубрези, околу 15 за срце и околу 14 за црн дроб

Одбележан Денот на органодарителството, за три години 67 лица добиле шанса за нов живот

МЗ: Еден донор спаси четири животи