А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Пациентите кај матичен лекар ќе пополнуваат прашалници за самопроценка на депресија

by А1он19/05/2017 - 13:18188
Share0

Прашалник за самопроценка на депресија од денеска ќе пополнуваат пациентите кои ќе го посетат својот матичен лекар. Одговорите на прашањата ќе покажат дали кај пациентите постои психичко, социјално и професионално нарушување во континуитет од две недели.

Следете a1on на Instagram Instagram

Станува збор за активност која Здружението на лекари по општа медицина-семејна медицина, ја спроведува во рамки на одбележувањето на 19 мај, Светски ден на семејните и општи лекари, кој годинава се одбележува под мотото „Депресија – Ајде да зборуваме”.

Целта е, посочуваат од Здружението, да видиме дали ќе успееме да детектираме пациенти со знаци на депресија, а скорот кој ќе го добиеме ќе ни укаже дали се работи за лесна, тешка депресија или депресија која има во своето навестување и суицидален карактер.

Од Здружението информираат дека пациентите кои се сомневаат дека страдаат од депресија треба да побараат помош кај својот матичен лекар и да почнат да разговараат за овој проблем, затоа што депресијата може да се лекува. Довербата која ја има пациентот во својот матичен лекар е еден од главните услови за рана детекција, препознавање, дијагностицирање и навремено лекување.

Следете a1on на Youtube YouTube
zdravstvo

Би можело да ве интересира

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Предраг Петровиќ20/10/2026 - 15:51

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ01/10/2026 - 14:3301/10/2026 - 15:13

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

Предраг Петровиќ30/09/2026 - 14:07

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски14/09/2026 - 11:3714/09/2026 - 13:24

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски19/07/2026 - 12:2919/07/2026 - 13:07

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните

Горан Наумовски11/06/2026 - 09:13
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео