Пациентите ги лекуваат во ходник

Од:

Борба за кревет во штипското одделение за Неврологија. Ходникот веќе извесно време е приемен оддел. Тука се прегледуваат пациентите, но и ја добиваат неопходната терапија. Од Клиничката болница во Штип признаваат дека место нема, но дека медицински и професионално ги згрижуваат сите пациенти.

„Точно е дека бројот на пациенти е поголем, но тие се прегледуваат и бројот на лекари и пациенти е согласно условите. Првиме се за тие пациенти да не се шетаат по други градови“, вели Марина Шуманска, портпарол на Клиничка болница Штип.

Штипска Неврологија, што треба да има статус на регионален центар за цела Источна Македонија, во моментот има капацитет од само 14 кревети. Проблем е и фактот дека не работи одделението за Неврологија во кочанската болница, па дел од пациентите се препраќаат во Штип. Сепак од Клиничката болница во Штип, велат и покрај проблемите со капацитетот условите се подобри од старото одделение, кое лани по налог на Министерот за здравство се дислоцираше во изолиран дел од зградата на Инфективното одделение.

„Условите на Неврологија се такви какви што се, меѓутоа се подобри од условите пред да се префли на ова одделение. Но, очекуваме во иднина условите да се подобрат“,  додава Шуманска.

Со ставањето во функција на новите апарати се покажа дека штипската Клиничка болница кубури со простор, па медицинските работници чекаат да се оствари ветувањето на Владата и конечно да почне изградбата на нова болница.

Виолета Кожинкова

Би можело да ве интересира

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски

Таравари: До крајот на годината решение ќе земат 1.100 вработени по договор на дело во здравството

Поголеми плати во здравство, потпишан Анекс на Колективниот договор