Пациенти се превезуваат со амбулантни возила стари и по 33 години

Од:

Сите здравствени институции во земјава заедно имаат 183 амбулантни возила, во кои влегуваат возилата за прва помош и санитетските возила. Просечната старост на амбулантните возила е 11 години, односно тие се просечно произведени во 2008 година. 13% од возилата се произведени во минатиот век, односно пред 2000 година. Ова го покажа анализата на Центарот за граѓански комуникации.

Најстари се две амбулантни возила произведени во 1988 година, што се користат во Струга и во Отешево. Едно возило, на Здравствениот дом од Кичево, има поминато дури 1 милион и 360.000 километри.

Просечна вредност на едно возило е 38.900 евра. Најмногу амбулантни возила има во Скопје, 30 и во Охрид и Битола по 12. Во Велес и Куманово има по 8, а во Делчево, Кичево, Струга, Тетово и Прилеп по 7 возила.

Убедливо најзастапена марка на возило е „Рено“ од која има 66 возила, по што следуваат „Ситроен“ и „Фиат“ со по 22 возила.

Двете најскапи возила од 153.460 евра и 137.260 евра ги поседува Клиниката за детски болести од Скопје, a третото од 103.360 евра е на Клиничката болница Битола.

Најмногу од возилата, односно 30% институциите ги добиле како донација од Министерството за здравство. Со сопствени средства купиле само 23%, додека 12% од возилата ги добиле како домашна донација (од други институции или лица), а 11% како странска донација. За 23% од возилата нема податок за основата за стекнување.

Oва е трета база од ваков вид што ја изработува Центарот за граѓански комуникации, по Базата на службените патнички возила на министерствата и општините и Базата на противпожарните возила. Споредбата покажува дека најмногу има службени возила, додека најмалку амбулантни возила.

Базата на податоци на сите амбулантни и санитетски возила е изработена врз основа на податоци обезбедени од здравствените институции во земјава: здравствени домови, клиники и клинички болници, општи и специјални болници, заводи, институти, здравствени станици и центри за јавно здравје, врз основа на доставено барање за информации од јавен карактер во јануари 2019 година.

Би можело да ве интересира

„Бехтел и Енка“ имал договор за амбуланта, но „Санте Плус“ немала дозвола за работа

Орце Костов

Нови 22 коли за итната медицинска помош и вработувања, најавува министерот за здравство Меџити

Ќе се набавуваат 22 нови амбулантни возила, најголема набавка за итната помош во историјата се пофали Меџити

Брзата помош ќе нема предност додека минуваат министри за Самитот на ОБСЕ: Животот на пациентот е помалку важен од тој на политичарите

Орце Костов

Тројца работници повредени при извршување работни задачи во Кавадарци и Пробиштип

Итната помош во Скопје со зголемен број интервенции на јавни места