Пациент со корона избегал од штипската болница и починал на улица

Од:

Пациент заразен со коронавирус избегал од модуларната болница во Штип, а по кратко време, бил пронајден мртов. Станува збор за 75 годишен маж од Пробиштип. Настанот го потврдуваат од МВР и велат дека се работи на расчистување на случајот. Според СВР Штип, во полиција пријавата дошла откако пациентот бил пронајден мртов. Нема информации дали имало пријава од вработените во модуларната болница дека тој избегал.

„Во 00.35 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Мирче Ацев“ во Штип бил пронајден починат Д.Н.(75) од Пробиштип. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по преземени мерки било утврдено дека починатиот бил хоспитализиран во Модуларната болница во Штип како Ковид-19 позитивен пациент. Се работи на  расветлување на околностите под кои ја напуштил болницата. Увид извршила екипа од СВР Штип, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција“, велат од МВР.

Mедицинскиот директор на Клиничката болница Штип д-р Александар Стојановски за

„Да има таква случка. Ќе ви кажеме како избега дополнително. Ние ќе ја испитаме целата случка со сите кои биле на смена. Мислам дека во понеделник ќе излеземе со детали. Имаме првични детали, но мора да ги испитаме сите кои биле таму. Околу информациите кога излегол и за колку време бил најден, тие говорат дека се се случило во мал временски интервал. За неговата состојба ќе ви кажеме дополнително, по извештајот на комисијата која веќе работи и го испитува случајот. Испитуваме дали има нечии пропусти“, вели д-р Ален Георгијев за „А1он“.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски