Пациент почина од компликации од грип, уште еден е во животна опасност

Од:

На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби почина 85-годишен пациент со масивна бронхопневмонија како компликација од грип од типот AH1. Пациентот имаше и деменција и претходно прележана туберкулоза, информираа од таа јавна здравствена установа.

Ова е втор смртен случај од компликација од грип по минатонеделниот кога девојче почина на Универзитетската клиника за детски болести.

На Одделот за интензивно лекување, како што посочуваат од Клиниката, во животозагрозувачка состојба е 38-годишен пациент, кој има масивна пневмонија и е на механичка вентилација со потврден грип до типот AH1.

Од Клиниката за инфективни болести наведуваат дека кај нив се хоспитализирани 47 пациенти со клиничка слика на грип и компликации од кои четири се лабораториски потврдени.

Прегледани биле 38 пациенти со клиничка слика на грип од кои двајца пациенти со бронхопневмонија како компликација се задржани на болничко лекување. Најголем дел од пациентите се на возраст од 15 до 64 години.

Би можело да ве интересира

На Инфективната клиника почина пациент со западно нилска треска

А1он

Од 12 пациенти со западнонилска треска на Инфективна, тројца се на интензивна со кислородна поддршка

Уште еден починат од западнонилска треска, 11 пациенти се на Инфективна

На Инфективната клиника уште еден сомнителен случај на Западнонилска треска

Тројца хоспитализирани поради сомнение на Западнонилска треска, се чекаат резултати

Потврден е 13 случај на заболен од Западнонилска треска во Македонија