Пациент почина од компликации од грип, уште еден е во животна опасност

Од:

На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби почина 85-годишен пациент со масивна бронхопневмонија како компликација од грип од типот AH1. Пациентот имаше и деменција и претходно прележана туберкулоза, информираа од таа јавна здравствена установа.

Ова е втор смртен случај од компликација од грип по минатонеделниот кога девојче почина на Универзитетската клиника за детски болести.

На Одделот за интензивно лекување, како што посочуваат од Клиниката, во животозагрозувачка состојба е 38-годишен пациент, кој има масивна пневмонија и е на механичка вентилација со потврден грип до типот AH1.

Од Клиниката за инфективни болести наведуваат дека кај нив се хоспитализирани 47 пациенти со клиничка слика на грип и компликации од кои четири се лабораториски потврдени.

Прегледани биле 38 пациенти со клиничка слика на грип од кои двајца пациенти со бронхопневмонија како компликација се задржани на болничко лекување. Најголем дел од пациентите се на возраст од 15 до 64 години.

Би можело да ве интересира

Се зголемува бројот на заболени од грип

На Инфективната клиника во Скопје недостасуваат дури 100 нови вработувања

МЗ: Вакцина против сезонски грип примиле 50 илјади граѓани

А1он

Започнува вакцинацијата против сезонски грип

А1он

Пензионер од кочанско почина од компликации од Западно-нилска треска

Катерина Ѓуровски

Питомци од Воената академија побарале лекарска помош на Инфективната клиника во Скопје