Пациент на неврохирургија нападнал болничар и друг пациент, па скокнал од прозорец

Од:

Синоќа во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Клиника за неврохирургија било пријавено дека Б.З.(62) од Свети Николе, кој бил пациент во клиниката, со тврди предмети, кои ги нашол во собата, фрлал кон пациентот С.В.(66) од с.Колари, кичевско.

Потоа, болничарот Н.Б.(23) влегол во собата со цел да ја смири ситуацијата, но Б.З. и кон него почнал да фрла предмети, по што го отворил прозорецот и скокнал, по што се здобил со тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.

Останатите двајца се здобиле со телесни повреди. Се работи на расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Заканувачко писмо во канцеларијата на претседателката

Нов инцидент поради кравите во Кривопаланечко: тешко повредена 67-годишна жена

Катерина Ѓуровски

Жена на 80 години пронајдена почината во Кисела Вода

Пијан виничанец направил две сообраќајки и двапати бегал

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски