Пачков: Дамјановски три изборни мандати со лажни ветувања за кумановци

Од:

Зоран Дамјановски е градоначалник, кој веќе три изборни мандати на граѓаните на Куманово им дава лажни ветувања, кои никогаш не ги реализира, потенцира на денешната прес – конференција Јордан Пачков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија.
Според него, СДСМ и Зоран Дамјановски, го донеле градот пред целосен колапс.

Пачков посочи дека Дамјановски во изборната кампања за локалните избори 2013 година ветил дека во наредниот период 14.000 сијалични места во Куманово ќе бидат заменети со штедливи светили, кои имаат заштеда од 40-60 проценти во зависност од типот на светилките, со што ќе се намали расходот за плаќање на електричната енергија.

– Поминаа шест месеци од локалните избори, а од новите штедливи светилки нема никаква трага и граѓаните на Куманово го гледаат тоа. Не само што не се сменети старите светилки со нови, туку ЈП Куманово Паркинг кое е надлежно за јавното осветлување тоне во огромни долгови. Општината само на ЕВН за користењето на електрична енергија за јавното осветлување должи над 24.000.000 денари. Долг кој постојано се зголемува, истакна пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ.

Дел од парите што биле наменети за јавното осветлување, потсети, односно 4.000.000 денари се пренаменети од јавното осветлување, за зголемување на основачкиот влог на ЈП Куманово Гас, претпријатие кое е пред банкрот.

– Огромен број лажни ветувања СДСМ дадоа и за решавање на сообраќајниот хаос во општина Куманово. СДСМ и Зоран Дамјановски наместо да манипулираат со кумановчани, нека го решат сообраќајниот хаос, рече Јордан Пачков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и додаде оти Куманово е заложник на СДСМ и Зоран Дамјановски, кои наместо да ги решаваат проблемите на кумановци, тие им создаваат нови.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела