Означување на албанскиот дел од Охридското Езеро како културно светско наследство на УНЕСКО

Од:

Промотивен настан за означување на албанскиот дел од Охридското Езеро како природно и културно светско наследство на УНЕСКО ќе се одржи денеска во Подградец во Албанија.

На настанот е предвидено и потпишувањето на договорот за проектот „За зајакнување на управувањето со заедничкото прекугранично природно и културно наследство на Охридското Езеро“.

Свое обраќање е предвидено да имаат министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, албанскиот премиер, Еди Рама, министрите за туризам и животна средина и за култура на Албанија, Бленди Клоши и Елва Маргарити и директор на Регионалната канцеларија на Меѓународната унија за конзервација на природата (ИУЦН) за Источна Европа и Централна Азија, Борис Ерг.

Би можело да ве интересира

Битолчанец се удавил во Охридското Езеро

Горан Наумовски

Кај Елешец изгоре глисер на тетовец

А1он

Пронајдено e телото на нуркачот од Бугарија кој исчезна во водите на Охридското Езеро

А1он

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското езеро

А1он

САД се повлекуваат од УНЕСКО

Се удави 49 годишник во Охридско Езеро

А1он