Според статистичките податоци на ОВР Кичево, во изминатото деноноќие, на подрачјето на Кичево, полициските службеници констатирале 26 прекршоци за неносење лична заштита на лицето. Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 24 контроли врз угостителски и други објекти, додаде Димоски.