ОВР Дебар поднесе кривични пријави за жители на Слупчане и на Дебар

Од:

Одделението за внатрешни работи од Дебар поднесе кривични пријави против жител на Слупчане, како и против жител на Дебар, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

-Против лицето Ф. Б. (57) од селото Слупчане, општина Липково, кривична прјава е поднесена поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. При контрола извршена на 24 април годинава, на улицата „8-ми септември“ во Дебар, полициските службеници констатирале дека тој не поседува валидна возачка дозвола односно користи фалсификуван возачки документ, изјави Димоски.

Кривичната пријава против жител на Дебар е поради узурпација на земјиште и бесправна градба.

-Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против А. Д. (51) од Дебар. Тој, на крајбрежјето на Дебарско Езеро узурпирал површина од 65 квадратни метри, дел во државна а дел сопственост на ЕСМ и на истата, изградил нелегален станбен објект. Со тоа, се стекнал со противправна имотна корист од 128.700 денари, додава тој.

Според Димоски вчера во 14 часот во близина на продавница лоцирана на улицата „Зија Мерсоски“ во Дебар, нарушен бил јавниот ред и мир со физички напад извршен од З.Д. врз А.Ч.(38), двајцата од Дебар. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он

Битолската полиција за шест часа казни 77 возачи на мопеди и електрични тротинети

А1он

Убиство во Дуќанџик – пукаа кон петмина, 26 годишен скопјанец настрада

А1он