ВИДЕО: „Ова не е место за фрлање пикавци и ѓубре од вашите автомобили“, акција на Единицата за брзи артивистички акции

Од:

Единицата за брзи артивистички интервенции поттикната од неодговорното однесување на учесниците во сообраќајот, на неколку крстосници во Скопје постави табли со натпис „Ова не е место за фрлање пикавци и ѓубре од вашите автомобили“ со желба да укаже на недостатокот на свесност и совесност за заедничко живеење и функционирање во еден град и потребата за индивидуална и општествена одговорност.

Оваа акција цели кон подигање на свесноста за здрава животна средина и повисока урбана култура со напомена дека одржувањето на хигиената не е инстант кампања туку долгорочен и одговорен колективен процес, соопштуваат од Единицата за брзи артивистички акции.

Акцијата е дел од проектот на Единицата за брзи артивистички акции финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Би можело да ве интересира

Масовна еколошка акција низ Македонија – стартуваше „Генералка викенд“

МВР: Уапсени се повеќе лица дел од нив доктори на клиники и сопственици на дерматолошки ординации

Акција против нелегални медицински третмани: Полицијата во повеќе здравствени институции прави контроли

Горан Наумовски

Во акција на МВР и АНБ: Запленето електронски докази, оружје и куршуми

МВР: Во тек е полициска акција, се истражува незаконитост со тендери за сервисирање на службени возила

Горан Наумовски

Десет претреси кај 10 лица на повеќе локации во Скопје, Неготино, Дојран и Битола

Горан Наумовски