Ова ли се пријавените кандидати со 140 IQ?

Од:

Порталот Скандал објави фотографија на министерот за здравство Никола Тодоров од предновогодишна забава во местниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Живојно-Брајковци, позајмена од ФБ профилот на комитетот. На фотографијата се гледа како Тодоров позира со две стројни девојки од комитетот.

„Ете, министерот за здравство и на дело им покажа на лекарите што значи кога човек е способен да „работи“ по учинок. Имено, покрај своите редовни обврски, кои вклучуваат секојдневно омаловажување на штрајкот на лекарите и закани врз белите мантили, нашиот генијален министер има време да се погрижи и за политичкото здравје на помладите членки на својата партија“, пренесува порталот Скандал.

Тодоров е познат и по тоа што бараше советници за министерството за здравство со коефициент на интелегенција повисок од 140. Дали ова на сликава се некои од нив?

Како што коментира Скандал, кога на човекот погледот му е зафатен со вакви убавини, нормално е дека не може да го види штрајкот на лекарската елита во Македонија.

Би можело да ве интересира

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем