ОУ „Вера Циривири Трена“ по вторпат со награда од проектот „Рециклирање-кажи да!“

Од:

Денеска, компанијата Пакомак заедно со својот партнер Шпаркасе банка на чилиштата кои собраа најголем број на пластични шишиња во текот на минатата учебна година во рамките на проектот „Рециклирање – КАЖИ ДА!“ беа наградени со 45.000 денари кои секое училиште ќе ги искористи према своите потреби.

Овој проект за собирање и рециклирање на пластична амбалажа беше со цел подигнување на нивото на хигиената во училиштата и еколошка едукација на децата за потребата и придобивките од собирањето отпад и неговото рециклирање. Проектот веќе втора година по ред дава успешни резултати. Од нашата општина по втор пат е наградено ООУ „Вера Циривири Трена“ кое собрало најмногу амбалажен отпад на територија на Карпош. Пофалници добија училиштата ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“, ООУ „Патар Поп Арсов“, ООУ „Војдан Чернодрински “и ООУ „Јан Амос Коменски“. Во овој проект учествуваа ученици од скопските општини Карпош, Центар, Кисела Вода, Аеродром, Гази Баба и Ѓорче Петров кои оваа учебна година собраа повеќе од 40 тони пластичен отпад или повеќе од 1,5 милиони шишиња.
На ова доделување Пакомак го промовираше и својот нов проект „3Д еко автобус“ наменет за учениците од прво до петто одделение. Станува збор за 40 минутна 3Д интерактивна обука со предавање, проекција на 3Д филм и игра со прашања и одговори која ќе се одвива во самиот еколошки автобус кој ќе биде стациониран во дворот на самото училиште. Овој автобус својата прва презентација пред учениците ќе ја одржи на 1. Октомври во ООУ „Јан Амос Коменски“ паркиран во близина на училиштето.

Би можело да ве интересира

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

A1on

(ВИДЕО) Јакимовски: Со изгласан буџет, Општина Карпош ќе продолжи непречено да функционира