ОУ „Јан Амос Коменски“ со современа просторија и асистивна технологија

Од:

Учениците со посебни потреби во ООУ „Јан Амос Коменски“ се дел од наставната програма која се спроведува во училиштата. Во проектот на УСАИД за е-пристапно образование, кое е во соработка со здружението „Отворете ги прозорците“, се вклучи и општинското училиште „Јан Амос Коменски“.

Во првата фаза од проектот, која започна во 2011 година, учениците се стекнаа со базични знаења за примената на асистивната технологија, а наставничкиот кадар во работата со учениците кои имаат развојни проблеми и посебни образовни потреби. Асистивни уреди беа распоредени во училниците во одделенска и предметна настава. Благодарение на тие уреди и едукацијата која наставниците неуморно ја пружаа, развојот и напредокот на овие ученици е во подем.

Во почетокот на 2012 година, во училиштето се уреди просторија за индивиуална работа на учениците со посебни образовни потреби. Таа содржи уреди за потребите на учениците со нагледни, дидактички, манипулативни средства и помагала како и современа асистивна технологија. Донацијата “екран на допир“ е поради перманентното користење на асистивните уреди како и учество со практични примери од училиштето во прирачник за примена во асистивната технологија. Овој екран им дава одлична можност на учениците, преку едукативен софтвер да се стекнат со знаења, со што особено е важно за визиомоторната координација и полесно следење на едукативните содржини од учениците. Особена корист од овој екран имаат учениците со аутизам, интелектуална попреченост и телесна попреченост.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје

Лукровски: Реконструкција на фасади, модернизација на лифтови и поставување шифрарници во сите станбени згради во Карпош

Димитров: Ќе го вратиме животот во културните центри изградени во социјализмот

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе воведам апликација „Мој Карпош“ која ќе биде дигитален сервис за граѓаните за пријавување на проблемите и издавање на потребните документи