Отворено за урбанизмот во општина Центар

Од:

Граѓаните ќе можат да прашаат и дискутираат за сите прашања од областа на урбанизмот во општина Центар.Утре, со почеток во 10 часот, во салата на Советот на општина Центар, Центарот на заедницата на општина Центар организира отворен ден со Комисијата за урбанизам, планирање и уредување на просторот на Советот на општина Центар и раководителите од секторот за урбанизам и секторот за уредување на градежно земјиште и заштита на животна средина.

Отворениот ден има за цел да овозможи запознавање на граѓаните со надлежностите на Комисијата за урбанизам, планирање и уредување на просторот како и вклучување во работата на Комисијата преку предлози и идеи. Исто така граѓаните ќе имаат можност да ги изнесат своите проблеми поврзани со урбаното планирање и урбаното уредување пред надлежните претставници од општина Центар.

Вториот, од серијата отворени денови кој ги организира Центарот на заедницата на општина Центар е продолжение во остварувањето на долгорочната цел за вклучување на граѓаните во донесувањето на одлуки на локално ниво, поголема транспарентност во работата на Советот на општината и отвореност кон граѓаните.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар