Отворено реконструираното фудбалско игралиште во СОС Детско село

Од:

Под мотото „Обединети во радоста што ја носи фудбалот“ СОС Детско село во соработка со Фудбалска федерација на Македонија денеска во оваа установа за згрижување деца без родители и родителска грижа беше отворено реконструираното фудбалско игралиште.

dobivaj vesti na viber

од СОС Детско село потенцираат дека еден од важните сегменти во нивната работа е да делуваат во правец на поддршка и на зајакнување на заедниците со цел да се креира позитивна средина во која децата и младите ќе може да се развиваат.

Со подобрување на условите на ова игралиште, потенцираат од СОС Детско село, ќе се зголеми бројот на деца кои ќе можат да го користат, а во исто време ќе можеме да организираме турнири и спортски натпревари.

-Оваа година ја одбележуваме и триесет годишнината од Конвенцијата за правата на детето на Обединетите нации. Токму, едно од фундаменталните детски права е правото на игра и на живот во добра и здрава околина. Токму затоа, веруваме дека реконструираното и модерно игралиштето ќе биде едно од омилените места за децата од населба Ченто кое ќе им овозможи многу мигови на дружба, и ќе придонесе за развој на психо-физичкото здравје, ќе ги зајакнува самодовербата, вештините за комуникација, соработка и тимски дух. Ова секако ќе придонесе и за поголема инклузивност на децата во општина Гази Баба, рече Зорица Серафимовска Арсовска, претседател на Управен одбор на СОС Детско село Македонија.

Муамед Сејдини, претседател на ФФМ истакна дека придонесот на федерацијата во реконструкцијата на фудбалското игралиште е наша поддршка, не само за СОС Детско село туку и за сите деца од заедницата кои ќе го користат овој терен.

-Драго ми е што ја поддржавме работата на СОС Детското село и ве номиниравме да ја добиете наградата од УЕФА, на овој начин сите заеднички придонесуваме преку фудбалот да се подобри квалитетот на живот на децата во нивната заедница и да ги штитиме вистинските вредности, рече тој.

Би можело да ве интересира

Првото кумство на згрижувачко семејтво во СОС Детско село

АУЕ – ФОН организираше донација на книги за СОС Детско Село

Интервју со Национална директорка на СОС Детско село Јулијана Гапо

Вработените во Зегин бојадисуваа велигденски јајца со децата од СОС Детско село

А1он

Тренчевска: Oтворен нов Центар за поддршка на згрижувачки семејства во рамки на СОС Детско село

А1он

Тренчевска: Пред нас е предизвикот за мобилизирање на што поголем број на згрижувачки семејства

А1он