Отворено писмо од 16 организации: Итно да се урне бодликавата ограда за бегалците

Од:

По загинувањето на тројца бегалци кои во понеделникот се удавија во Сува Река, обидувајќи се да влезат во Македонија, 16 граѓански организации во отворено писмо бараат веднаш да се урне оградата од бодликава жица што власта ја гради на границата кон Грција.

„Револтирани сме од овој настан кој претставува директна последица на оградата од бодликава жица, која деновиве, тивко, далеку од очите на јавноста, под патронат на ЕУ, нашите власти ја подигнаа на границата кон Грција. Должината на оградата моментално изнесува околу 100 километри во два реда, но, како што беше објавено во некои медиуми, предвидено е да достигне 300 километри.

Поставувањето започна под изговор за подобро „канализирање” и регистрирање на бегалците на границата со цел да се избегне „нелегално” влегување во земјата, а се претвори во целосна блокада на јужната граница. На илјадници луѓе им е попречена слободата на движење и законски загарантираното право на азил, што ги принудува да бараат алтернативни решенија. Така, границата стана дувло на криумчари кои го демнат секој чекор на бегалците, а во понеделникот резултираше и во три смртни случаи, кога група бегалци се обидоа да ја преминат границата преку Сува Река.

Со оградата де факто се враќаме во минатото, кога ѕидовите делеа градови, а железните завеси држави. Иронично е што оние кои беа најголеми поборници за пад на тие ѕидови и завеси, денеска се главни заговорници и покровители на подигањето огради од бодликави жици.

За да биде иронијата уште поголема, покровителите на оградата, со која се ограничува слободата на движење на луѓето, деновиве интензивно го договараат потпишувањето на Трансатлантското партнерство за трговија и инвестиции, кое го претставуваат како договор за слободна трговија и инвестиции. Слободен проток за белосветските роба и капитал, а ограда за живите суштества.

Заговарајќи го овој отчовечен чин, тие пратија јасна порака дека за нив човековите права се празни фрази, а човековиот живот нема вредност.

Загрозено е физичкото и ментално здравје на сите луѓе кои се на границата. Здравјето на луѓето, а посебно сексуалното и репродуктивното здравје на жените и на девојчињата кои бегаат од земјите во кои се случува воен конфликт е ставено во опасност. Животот и здравјето на жените и децата, како и животот и здравјето на бремените жени и новороденчињата во вакви услови е доведено под секое човечко достоинство. Зголемен е и ризикот од сексуално насилство врз жените и девојчињата.

migrantigevgelija3

Уште повеќе, оградата на границата речиси целосно го запира бегството на особено ранливи категории кои се често превидени во бегалската криза, како на пример деца кои што патуваат без родители или пак ЛГБТИ лица, кои бараат прибежиште од прогонот и сигурната смрт кои ги чекаат во нивните земји на потекло, зголемувајќи го и онака високото ниво на изложеност на ризик и насилство внатре во бегалските групи.

За подигање на оваа ограда ќе биде уништено и огромно зеленило и илјадници дрвја, во државата со рекордна загаденост во Европа, во која зеленилото изминативе години доживува своевиден масакр.

Конечно, штета од оградата ќе претрпат и животните, кои нема да можат слободно да се движат или пак ќе бидат жртви на бодликавата жица. Со политичка одлука се уништуваат живеалиштата на многу видови, а се стопираат и миграциите на животните.

Затоа, ние, борците за слобода, еднаквост и човекови права, заштита на природата и заштита на животните, јавно го креваме својот глас и кажуваме НЕ! на оградата од бодликава жица! Доколку оградата опстои, заштитата на луѓето на кои им е потребна ќе се смета за нелегална. Илјадници луѓе ќе останат заглавени на границите, и во отсуство на легални патеки, сѐ почесто ќе посегнуваат по опасни и нелегални алтернативи, што ќе предизвика уште смртни случаи. Бараме оградата да се сруши! Бараме да се прекине со сегрегациски и дискриминаторски практики кои незаконски ги спречуваат луѓето заглавени на границите да бараат азил по безбеден пат!

Бараме да се прекине со уништувањето на хабитатот за сиот жив свет кој постои на територијата околу границата. Мноштво видови ќе исчезнат од просторите кои користеле територии во двете држави“, стои во отвореното писмо потпишано од: Младинска организација „Мугра”, Здружение Студентска организација ИЗЛЕЗ Скопје „Анима Мунди“ здружение за заштита на животни „Глас за животните“, здружение за заштита на животни од Велес „Animal World”, здружение за заштита на животни од Струга „Ејнџелкетс“, прифатилиште за мачки Скопје „ХЕРА“ – Асоцијација за здравствена едукација и истражување Здужение на граѓани за промоција на женската активност Тиииит! Инк. – ХОПС – Опции за здрав живот Скопје „Чист Охрид“, неформална еколошка организација од Охрид „Легис“, асоцијација за промоција и одржување на културни и спиритуални вредности „Плоштад Слобода“ – Скопје, Здружение за уметност, теорија и активизам „Субверзивен Фронт“, Здружение за критички пристап кон родот и сексуалноста Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ Активистите од „Автономниот Културно Социјален Центар“ Работна група „Солидарност за мобилност“ на Левичарското движење „Солидарност“

Тие ги повикуваат сите поединци и организации да се вклучат во неформалната коалиција која се залага за уривање на оградата за бегалците.

Би можело да ве интересира

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

Ердоган и Киличдароглу не сакаат Турција да е „магацин“ за сириските бегалци

Горан Наумовски

УНХЦР: Во 2022 година 100 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови

Стотици сириски бегалци кои живееја во Либан се вратија во нивните домови

А1он