Отворено писмо од учениците на СОЕУ „Јане Сандански“ – Битола

Од:

Свесни за големите притисоци кои се вршат врз професорите, ние учениците од СОЕУ „Јане Сандански“ – Битола одлучивме да ги поддржиме и да ги охрабриме во однос на нивните барања, на кои што државата е глува да ја сослуша масата на народ кој со месеци дава отпор врз лошите реформи кои се спроведуваат во образованието во Македонија.

Поделбата на колегиумот на партиски војници, не подели и нас учениците кои што не знаеме каде ни е главата, незнеме што воопшто се случува во нашето училиште и како воопшто да постапиме. Единствено само соединети и сложни, нашите професори можат да успеат во она што го бараат.

Ако наставниците и професорите, се огледало за нас учениците и тие претставуваат наши идоли, тогаш токму од нашата поддршка и поддршката на нашите родители, треба дцрпат храброст и да настојуваат до крај во реализирање на целите за кои се борат, а најважно од се е да знаат дека ние сме причината за која што тие работат.

Ние учениците сме горди на нашите наставници и професори, горди сме на нивната упорност и истрајност, на борбата за достоинство. Тие се пример за нас, затоа што цврсто веруваме дека оваа борба е борба за нашата иднина, борба за почит на професијата „професор“, борба за образованието на нашата татковина, а на крај и борба за 92 годишното постоење на СОЕУ „Јане Сандански“ – Битола.

Да се биде професор или наставник е гордост и благослов и никој не може да се дрзне и да го навредува посветениот работник на оваа професија на еден бесмислен начин преку оценување со еден тест, за цела учебна година на веќе дадени прашања и омаловажување на јавна табела.

Најголема оценка за еден просветен работник треба да биде оценката која што ќе ја добие од неговите ученици.

Почитувани, да се обединиме заедно и да ја оствариме целта која што сите не засега. Да направиме подобро утро за нашата иднина и да не дозволиме да бидеме експериментални глувци на создавачите на нови “подобри“ реформи во образованите во Македонија, кои за жал освен кај нас, никаде ги нема во цела Европа.

Со почит, учениците на СОЕУ „Јане Сандански“ – Битола.

Би можело да ве интересира

Советот на СОНК на вонредна седница одлучи в понеделник да протестира пред Министерството за култура

Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за култура

Катерина Ѓуровски

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он