„Би сакале да ви укажеме на неколку аспекти поврзани со постапувањето на Општина „Бутел“ за поставување на споменик или споменично обележје кое предизвика сериозни меѓуетнички и верски нетрпеливости и тензии.
- Укажуваме дека Општината „Бутел“ со своите одлуки треба да создава услови за соживот во општината од причина што етничката структура е мешовита и ја идразува етничката структура на на ниво на целата држава. Во оваа смисла одлуките кои ги носи општината и постапување на општинските функционери не треба да создаваат атмосфера во која некој би предизвикал или разгорил национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост чија последица би била безредие и насилства спрема луѓе и имот. Сакаме да потсетиме дека ваквите дејствија се казниви со кривичниот законик.
Последиците од ваквите противправни дејствија би имале несогледливи и непоправливи последици по меѓуетничките односи особено на локалано ниво. Ваквите постапувања се особено чувствителни во периоди пред избори кога недвосмислено треба да се стават во мирување. Одработувањето на туѓи политички агенди е во спротивност со интересот на граѓаните на општната.
- Како граѓани на Република Македонија и како Фронт за демократска Македонија укажуваме дека во општини кои имаат мешана етничка структура, а таква е општина „Бутел“ треба да се поставуваат споменици и споменични обележја кои ги обединуваат граѓаните, е не такви кои ги разединуваат и кои создаваат меѓуетнички нетрпеливости и омрази. Во оваа смисла укажуваме дека во општинските програми за поставување на споменици и споменични обележја треба да се акцептираат решенија кои го одразуваат меѓуетничките и верските различности, кои на соодветен уметнички начин можат да бидат стилизирани и во заеднички обележја. Исто така, соодветен приод би бил доколку се предвидат заеднички прифатени програми, планови и распореди за поставување на различни етнички и верски обележја.
- Досегашното кампањско, неизбалансирано работење на општинското раководство не смее да се препокрива со избрзани, еднострани партизирани акции. Ваквите акции можат да повлечат контра собирање на граѓани кои се залагаат за мир, просперитет и стабилни меѓуетнички односи, а против постојаната несигурност и намерно предизвикани меѓуетнички тензии.
Во оваа прилика се обраќаме со барање до Општина „Бутел“, согласно законската регулатива за слободен пристап на информации од јавен каратер, да ни овозможите увид во актите од постапката за поставување на споменикот и увид во доставената документацијата на донаторот на споменикот како и финансиската контрукција на истиот. Ова последново особено затоа што има интерес и од страна на други донатори за донација на средства за изградба на различни видови споменици и споменични обележја“, се вели во отвореното писмо на ФРОДЕМ.